„Ги слушаме граѓаните кога реагираат за Законот за легализација на дивоградби. Дури и претседателот Пендаровски ни реагираше за две прашања“, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Клан Македонија“, за новите измени во Законот.
Според него, 30 дена не се доволни за да издебатираат со граѓанските здруженија и пратеничките групи.
„Мораме да заштитиме тоа што е вредно да се заштити како материјално добро, посебно на граѓаните кои се под прагот на сиромаштија. Исто така многу значајно е дела нема капитали и богаташи да легализираат во заштитените појаси. Сите кои се градени во националните паркови ќе имаат забрана за легализација“, додава премиерот.
Тој додаде дека домовите каде што граѓаните живеат, кои им се адреса на живеење и граѓаните кои примаат социјална помош нема да платат никакви надоместоци во општината, а државата ќе ги плати геометриските елаборати со цел тие да го легализираат својот дом.
„Граѓаните нека тргнат по селата и нека се запрашаат дали сите куќи имаат одобрение за градба. Општините и државата поттикнувале да се гради во село за да останат во село и многу често прогледувале низ прсти, уште од независноста“ кажа Заев.