По снимката со Павле Богоевски, Премиерот Зоран Заев од Виена застана зад пратеникот. Го пофали дека успешно работи во Собранието, повика истрагата да се заврши и остава тој сам да донесе одлука дали ќе си поднесе оставка или ќе продолжи да биде народен избраник. Заев немал можност да разговара со Богоевски.

-Направил обид за да набави лек за својата сестра, не сум имал можност да се видиме, но ќе се видиме. Треба да биде еднаков како сите, но се пријави и самиот и го пријави и таксистот. Јавно настапи и транспарентно, не го бранам, но како што се зборува за сите така и за него, изјави од Виена премирот Зоран Заев./Либертас