Заев: Бројчаникот на Триумфалната капија ќе треба да заврти 18 милиони евра од „Трансмет“

од Берта Китинска
331 прегледи

Бројчаникот е поставен, го платив приватно. Тој зависи од правосилни судски пресуди и заплена на имот, изјави денеска мандатарот Зоран Заев.

„Овој бројчаник треба да заврти 18 милиони евра од заплената на имотот на ‘Трансмет’, кој е завршена постапка. Се завршуваат правните процедури за да инкасира буџетот на државата со продажба на самиот имот. Милион евра од финансовата полиција се веќе завртени. Со сите пресуди, каде ќе се утврди одговорност, се носат и пресудите за материјалното плаќање за обештетување на државата. Бројчаникот зависи од судските пресуди, не од извршната власт. Од извршната власт, значи, оставање на процесот на правосудството на независен начин да ги утврдува сите овие постапки, со конечните права на жалба на секој граѓанин кои ги има со Устав. Знаете дека имаме постапка на заплена на пари од дијализите, кои се 3 милиони евра запленети во наши банки, 8 милиони евра во италијански банки, не знам каде се. Ако Обвинителството докаже дека е тоа така, преку судски постапки и тие 11 милиони евра ќе завршат на бројчаникот“, рече Заев.

 

Слични содржини