Заев: Бугарија од нас може да очекува градење пријателство и соработка

од Nikola Popovski
197 прегледи

„Немаме дилеми да ги испорачаме гаранциите. Ние сме мирољубив народ и од нас може да се очекува само градење на пријателство и соработка. Ако се мисли на краткото и долгото име, Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија. Точно се однесува на државата и немаме никакви територијални претензии, ниту спрема Бугарија, ниту спрема другите соседи. Дефинитивно мислам дека претседателот Радев, кој е европски лидер, може да направи позитивен исчекор, со што ќе се даде шанса нашето пријателство да се развива и да биде поголемо, наместо да остави трага меѓу двата народа.“- вели премиерот Зоран Заев, во интервјуто за неделникот Фокус.

Во врска со можноста нешто позитивно да се случи во јуни, Заев одговара: „Неколку пати јавно кажувам дека не сакам да ги подигнувам очекувањата на нашиот народ. Но, сакам да знае целиот наш народ дека правиме се и дека сите аргументи се на наша страна. Тоа го потврдија сите европски лидери и членки на ЕУ. Шансата е отворена. На 22 јуни е седницата на Министерскиот Совет- ГАК и очекувам конечно да поминеме. Сакам тоа да се случи за време на португалското претседателство, а за време на словенечкото да го направиме скринингот и да ги отвориме поглавјата. Но, исто така сум разумен, знаејќи дека Бугарија има техничка влада. Ова треба да биде получекор, бидејќи имаме одлука за отпочнување на преговори и треба да почнеме со првата меѓувладина конференција“, посочува Заев.

Слични содржини