Заев: Бугарскиот народ мора да знае дека идентитетот, јазикот и определбата се наши универзални права

од Vladimir Zorba

„Имав искрено обраќање, иако на 11 Октомври прв пат зборував јас јавно пред вас новинарите и камерите дека постои таа можност, односно да не се случи првата меѓувладина конференција заради тоа што наративот како се одвиваше и преку овие документи преку кои разменуваме идеи, информации… ми беше јасно до каде се оди, кои се амбициите и аспирациите и должноста како претстедател на Влада да споделите некои очекувања со граѓаните се јасни. Притоа, секако видоа и граѓаните дека има работи за кои што не само што не се преговора, туку не се ни разговара. Јас се надевам дека на нашите пријатели, бугарскиот народ е пријател на македонскиот народ, а со тоа и Владата, претседателот, па дури и опозицијата, треба да знаат дека правото на самоидентитет, на определба, на свој мајчин јазик е наше сопствено, универзално право, загарантирано со меѓународни договори, со универзални човекови права.“- изјави премиерот, Зоран Заев, во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Дополни дека Европската Унија мора да ги негува сите идентитети.

„Европа во своите фундаментални вредности и своите европски вредности е експонент и пример за многу убави работи, една од тоа е дека ги развива, ги негува сите различни европски идентитет. Впрочем, тој европски идентитет ние овде го негуваме со сите свои различности. Нашата земја е Европа во маало, со различни идентитети во етничкиот смисол на зборот и ние очекуваме Европа исто така да го негува нашиот македонски идентитет и нашиот мајчин македонски јазик.“- рече Заев во интервјуто.

Слични содржини