Заев: Чекорите и блокадите на Радев се навреда за македонските граѓани

од Берта Китинска
530 прегледи

Премиерот Зоран Заев во Брдо кај Крањ, каде присуствува на Самитот ЕУ – Западен Балкан кажа дека Чекорите и блокадите што ги презема бугарскиот преседател Румен Радев во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани.

–Двете страни, веднаш по изборите во Бугарија и во Северна Македонија, како што ни прилега со искрена политичка волја да преземеме одлучни чекори за решавање на отворените прашања. Но, исто така не е нова вест дека нашиот гласен став за идентитетските прашања е дека македонскиот идентитет не може да биде тема за преговори, истакна Заев.

Тој нагласи дека на Самитот е добиена уште една силна потврда дека само една земја членка на ЕУ се противи на нашата интеграција и на почетокот на преговорите за членство во Унијата.Тој додаде дека македонскиот народ со целата своја мирољубивост не може да ги оправда блокадите.

– Мојот народ мене ми даде мандат да создадам решение, не ми дал мандат да оправдам политики од минатиот век. До сега не постои земја членка на ЕУ која има каква било забелешка за нашите реформи. Нашиот напредок во интеграциите во ЕУ првенствено треба да зависат од домашните реформи поврзани со постигнувањето на европските стандарди, а не од билатералните прашања. Затоа посветени сме на решавање на билатералните спорови кои се влечат од минатото, а доказ за тоа се и Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија од 2017 година, нагласи претседателот на Владата.

Слични содржини