Заев: Членот на Историската комисија, Литовски не сакаше да го продолжи договорот

од Nikola Popovski
279 прегледи

„Тоа што ме информираше министерот Бујар Османи е дека на господинот Александар Литовски му завршува договорот во Историската комисија и тој не сака да го продолжи“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција за наводната смена на тој член од Комисијата која ги води преговорите со своите колеги од Бугарија.

„Тој е наш граѓанин, познат историчар и секако го поддржуваме. Тој и неговото семејство имаат други планови, околу ангажман на членови на семејството, за кои што човекот објаснил дека не сака да продолжи. Ослободеното место ќе го пополни нов член. Во Комисијата има врвни експерти и таа е нивната улога“, соопшти премиерот.

Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара премиерот Зоран Заев и владата да одговорат за како што велат „тајната смена“ на уште еден член на Комисијата за историски и образовни прашање која е вклучена во разговорите со Бугарија.

Слични содржини