„Да се блокираат законите што живот значат за помош за последиците од пандемијата е навистина неразумно и верувам дека ќе има разумност. Во четврток се пратенички прашања во Собранието. Јас ќе одржам состанок со претседателот на Собранието, веројатно и со претседателот на ДУИ да разгледаме одредени можности што ни стојат на располагање за да го одблокираме Собранието“, рече премиеорт Зоран Заев.
Тој најави дека утре ќе одржи средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со цел, како што рече, да се разгледаат одредени можности што ни стојат на располагање за да го одблокираме Собранието.
Денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара до собранискиот спикер Талат Џафери пред утрешната седница за пратенички прашања да свика седница на која ќе се изгласаат четири закони кои се, како што вели, од интерес за граѓаните, стопанството и поврзани со кризната состојба.