Заев: Дел од пратениците ќе добијат раководни места во државата

од Берта Китинска
308 прегледи

Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на септември да бидат именувани раководните лица на сите институции под надлежност на извршната власт.

„ Верувам во следните неколку дена парламентот ќе направи верификација на мандатот на следниот пратеник од листата за да вака оформената коалиција од 62 ја потврдиме комплетно. Имам намера на дел од пратеници да им понудам одредени раководни места во државата, од моја и од страна на Владата и министерствата коишто ги именуваат. Така што, континуирано, согласно закон, следните од листата ќе влегуваат. Верувам дека стабилноста на парламентарното мнозинство низ добрите политики може само да расте. Сакам оваа недела после празникот да ги дадам до македонскиот парламент предлозите, најкасно до крајот на неделата. Понатаму парламентот ќе одлучи колкав период ќе им остави на пратениците да ги прочитаат биографиите на кандидатите и да ја закаже седницата“,изјави Заев пред средбата со претставници на лозарите во Кавадарци.

Слични содржини