Заев демантира поврзаност со потпалувачот на пожар: Николов го немам видено од времето кога ми заврши градоначалничкиот мандат

од Nikola Popovski
127 прегледи

Полицијата вчеравечер уапсила едно лице со иницијали А.Н. од Струмица кое намерно подметнало пожар, кого медиумите го поврзуваат со поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Го сомничат дека сторил кривично дело, бил затекнат близу приватен имот, па бил пријавен дека се обидел да потпали сува трева.

Заев ги демантираше тврдењата дека лицето е негов возач во моментов. Тврди дека станува збор за вработен во Општина Струмица.

„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот (т.е. мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а после тоа беше Кире Ангелов.

Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов“, истакна Заев во изјава за „Фокус“.