Заев: Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот

од Берта Китинска
148 прегледи

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил упати порака по повод Меѓународниот ден на демократијата.

-Во годината кога Република Северна Македонија слави 30 години независност и самостојно учество во животот на заедницата на народите, го славиме и големиот принцип дека демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот.

Денешниот ден е потсетник дека демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, застапувано од политичките претставници за да владее доброто управување.

Во нашата Република Северна Македонија демократијата ја градиме на инклузивноста, на еднаквоста на сите без исклучок, и само како таква е темел за одржлив развој и за почитување на човековите права.

Негувањето на демократијата и на демократските институции ја зајакнува кохезијата во нашето општество и го издвојува приоритетот за обединување за да ги оствариме врвните државни интереси и главните национални приоритети, пишува Заев.

Слични содржини