Заев: Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме

од Берта Китинска
384 прегледи

Започна месецот на рамазанските пости. Светите денови кога се култивира и усовршува духовниот раст и подвиг, како и дисциплината кон телесните и другите земни искушенија, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

-Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат како народи.Во времето на КОВИД-19, ова се денови кога дополнително повеќе се грижиме за болните, за духовно обесхрабрените, за нашите сограѓани и за сите луѓе во неволја. Им подаваме рака на сите без разлика на нивната верска припадност.

На сите наши сограѓани од исламската вероисповед нека им биде благословен светиот месец Рамазан, и нека ги придружува мирот и спокојството за време на светиот пост, напиша премиерот на Фејсбук.