Заев: Десетте приоритети од „Акција21“ се принципите кои ќе нѐ водат оваа година

од Берта Китинска
180 прегледи

Забрзувајќи ги процесите за европска Северна Македонија, продолжуваме по европскиот пат преку нашата „Акција 21– за европски стандарди дома“, со развојни програми и проекти, за да бидеме спремни да ги започнеме преговорите со ЕУ во секое време, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук.

-Десетте приоритети од Акција21 се принципите кои ќе нѐ водат оваа година. Нивното исполнување ќе биде наш мотив да работиме и да продолжиме до крајот на мандатот на оваа Влада со имплементација на европските стандарди во секоја клетка од нашето општество, напиша Заев.

Слични содржини