Заев: Девет отсто од популацијата не може да си дозволи дневен оброк, крајно време е да го реобмислиме нашиот пристап

од Берта Китинска
333 прегледи

Премиерот Зоран Заев  по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна од неговиот  Фејсбук  порачува да се размисли како се справуваме со овој проблем и да се понудат решенија.

-Живееме во свет на хипер продукција на храна, но и на големи количини храна што завршува како отпад. Околу девет отсто од светската популација не може да си дозволи дневен оброк и крајно време е да го реобмислиме нашиот пристап кон овој проблем, пишува Заев.

Денешниот Меѓународниот ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна, посочува, да го употребиме за секој од нас да размисли како се справуваме со овој проблем и да понудиме лични, регионални, национални и меѓународни решенија.

Слични содржини