Заев до новите полициски службеници: Да им служите на сите припадници на народите на нашата земја

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Премиерот Заев денес присуствуваше на свечената церемонија на која беа промовирани нови 569 полициски службеници од генерацијата 2019-2020 во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово.

„Пред сите вас стои една од најблагородните должности – да ги штитите граѓаните, уставот и законите, и да им служите на сите припадници на народите на нашата земја.

Сакам да ви честитам и да ве охрабрам во вашата посветеност на спроведувањето на вашите должности кон граѓаните. Таа мисија да ве исполни со гордост, задоволство и исполнетост и со успех да напредувате во професијата, во хиерархијата и за место во најелитните единици на Министерството за внатрешни работи.

Можностите за напредок ви се отворени и лично од вас ќе зависи како ќе ги искористите овие можности“, вели Заев.