Заев: До пролет ќе има правно решение за реонот околу спомен-плочата на Мајка Тереза

од Берта Китинска
299 прегледи

До пролет ќе има правно решение со цел да се отстрани „плоштад градилиштето” кај спомен-плочата на Мајка Тереза на градскиот плоштад, рече денеска премиерот Зоран Заев.

– Без разлика на желбите на Владата, на премиерот и на одредени други функционери, што можете да направите од нешто во кое што се потрошени народни пари и е дојдено до состојба во којашто треба да одлучите дали ќе го продолжите, дали ќе го отстраните или слично. Морате секогаш да внимавате и на правните аспекти на самите постапки. Овде се спроведени јавни постапки склучени договори, потпишани луѓе, преземена одговорност и слично. По слушањето на гласот на граѓаните одлуката е јасна и и кај нас како Влада, но и кај Градот Скопје, овој објект треба да се отстрани, за да може да диши градот, истакна премирот, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали ќе се отстрани „плоштад градилиштето” кај спомен-плочата на Мајка Тереза.

Слични содржини