535
Во последниот ден од мојот ангажман како премиер на РСМ задоволство е што директно учествувам во „Отворен Балкан“,уште на почетокот, со Вучиќ и Рама нагласивме дека ова е автентичен значаен проект, создаден за добробит на сите и отворен за сите, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата на која учествуваат тројцата лидери на земјите членки на иницијативата „Отворен Балкан“, во Тирана.
Заев на крајот на својот говор им се обрати на лидерите велејќи им:
„Чувајте го и развивајте го Отворен Балкан, денеска сите видеоа дека и мојот наследник, Димитар Ковачевски кој што е денеска со нас е подеднакво посветен и ќе биде дел од овој пороцес и лично верувам дека тој ќе биде добро освежување“.