Заев до ВМРО ДПМНЕ: Аман те сериозни да бидеме, 20 години немаме попис

од Берта Китинска

Првата седница на парламентот започнува на 14 септември, а пописот почнува на 5, апелирам до опозицијата, аман те сериозни да бидеме 20 години немаме попис.Попис има, мора и ќе има, кажа денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашањето во врска со барањето на опозицијата пописот да биде електронски.

Тој уште еднаш повтори дека пописот мора да се спроведе.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ  вчера предложи  пописот да биде електронски.

Најдобро е да се направи електронски попис.Без физичко присуство ќе се спречи ширењето на заразата, населението ќе се заштити и нема да има простор за манипулација, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Директорот на државниот завод за статистика, Симовски вели дека не доаѓа предвид сега да се менува методологијата на пописот. Уверува дека статистичката операција ќе се врши согласно сите здравствени и безбедносни протоколи и нема простор од страв и паника поради епидемиолошката состојба.

Слични содржини