Асоцијацијата на спортски новинари на Македонија, на научниот симпозим што се одржа во Струмица им додели плакети за мир на поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и на долгодишниот претседател на МОК и политичар, Васил Тупурковски.
„Како премиер добив повеќе меѓународни награди за мир, а заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас бевме номинирани и за Нобелова награда за мир. Сепак, за мене постои само една и единствена награда за мир, а тоа е мирот“ изјави Заев пред присутните.
Тој истакна дека воените арсенали треба да се заменат со ползување на „оружјето“ на совеста, добрата мисла и добриот збор, со „оружјето“ на подадената рака, со „оружјето“ на компромиси, пријателство, заедништво, соработка и отворање нови хоризонти кон иднината.
„Двете позиции се спротивни една со друга, но горд сум што Заев е истиот човек – македонец, мирољубец“, рече поранешниот премиер.
На симпозиумот се обрати и Васил Тупурковски, кој истакна дека секоја војна нанесува огромни штети на спортот, а според него во прашање се доведени во прашање и одржувањето на големи спортски настани.
Самитот на спортските новинари од Југоисточна Европа се одржа вчера и денеска во Струмица, а во рамките на Самитот се одржа и конгрес на кој беше избрано ново раководство на Асоцијацијата.