Заев: Долгот на државата кон стопанството не очекувам да надмине 700 милиони евра, а странските и домашни инвеститори ќе ги изедначиме

од desk2
84 прегледи

Владата ќе даде   целосна поддршка и истите услови ќе важат за сите подеднакво и за странските и за домашните инвеститори.

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека долгот на државата кон стопанството не очекува да надмине 700 милиони евра.

– Се уште се прават анализи. Стигнавме до ставка од 400 милиони евра. Сепак, не очекуваме долгот на државата кон бизнис заедницата да надмине 700 милиони евра, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања пред деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори.

Заев потенцира дека секој инвеститор што ќе почне гринфилд во Македонија, независно дали е домашен или странски, ќе добие целосна поддршка и истите услови ќе важат за сите подеднакво и за странските и за домашните инвеститори.

Во однос на инспекциските служби и УЈП , премиерот подвлече дека тие ќе бидат пред се во функција на превенција и ќе издаваат предупредувачки мерки, наместо да казнуваат како што досега беше пракса.Првин фирмите ќе бидат предупредени и ќе имаат рок од 30 дена   да ги исправат неправилностите и да го платат долгот кон државата, а потоа нареден пат као бидат фатени ќе има строги казни нагласи Заев пред стопанствениците.