Заев: Должност на Европа е да го негува и нашиот македонски идентитет

од Vladimir Zorba

„Оптимизмот континуирано го негуваме и продолжуваме така заради тоа што креирањето на политиките ни се такви. И во моето обраќање до нацијата кажав дека ние сме градители, градиме пријателство, ние не правиме штета во регионот, немаме претензии, ние сме мирољубив народ, политиката на нашата држава е навистина европска, држиме убави европски лекции од овде, од кандидатскиот Западен Балкан, коишто и недостасуваат на модерната Европска Унија, во контекст на дебата за буџетот, за Полска, за Унгарија и други теми.“- изјави премиерот Зоран Заев, во „Утрински брифинг“.

Тој смета дека ние во изминатиот период сме направиле се во рамките на тоа што е дозволиво и нормално и дека така ќе продолжиме.

„Нашиот македонски народ и македонски идентитет се наше право на самоопределување. Европа мора да остане на своите фундаментални вредности, европски вредности, а тоа е да ги негува сите идентитети на европскиот континент, ние овде го негуваме целиот европски идентитет, должност на Европа е да го негува и нашиот македонски идентитет.

Уште на 11-ти октомври имавме резерви кон Бугарија и со изјавата дека, народот треба да е подготвен заради тоа што е можно оваа година да не почнеме со првата меѓувладина конференција, бев соочен до каде се оди со барањата од нашиот Источен сосед, од пријателска Бугарија. И реално кога ги видов стојалиштата во тој момент, моја прва должност беше тоа чувство веднаш да го споделам со граѓаните.“- потврди Заев.

Дополни дека процесот не е е завршен и дека Северна Македонија и натаму ќе се бори за своето заслужено место во европското семејство.

„Во делот на изнаоѓањето на решенијата, со Бугарија разговаравме за тоа, што впрочем и Бугарија го коментира дека не е доволно реализиран Договорот за пријателство, дека не е соодветна динамиката на неговата реализација. Направивме акционен план, направивме динамики како тоа да се решава, одредени клаузули ги предложивме во функција на Меморандум, Изјава, Декларација, Протокол, за да може да ги интензивираме сите тие аспекти. И ние сме отворени и подготвени. И сето ова не е отфрлено, впрочем е прифатливо, тука се предвидени и акции во делот на спречување на говорот на омраза, делот на имплементацијата на Комисијата во делот на учебниците во Бугарија и во Северна Македонија, на наративи коишто градат пријателство низ историските ликови или слично“- поентираше премиерот Заев во “Утрински брифинг“.

Слични содржини