Заев: Држиме европски лекции, уште Европа да испорача вредности

од Vladimir Zorba

„Држиме европски лекции од кандидатскиот Западен Балкан, во време кога Европа не е баш толку европска, со сите тие блокади на буџет, одредени национализми, слушаме дека во правосудство на одредени земји нешто се занемарува… И сега ги собрав сите награди низ Европа, тоа е нашиот македонскиот народ, нашата политика ги собра, не е тоа само Заев и на крајот Европа треба да испорача европски вредности, европски пример и затоа горчината ни доаѓа. Ако сме за членство во ЕУ заради нас, а не само за да бидеме членки во ЕУ ние мора да продолжиме по тој пат. Еве сега блокадите ќе продолжат, и догодина ќе продолжат и потоа уште една година, па Србија ќе влезе, па може Србија ќе ни замери нешто за црквата МПЦ. Ние треба час поскоро да ги решаваме работите, секако не по секоја цена.“- изјави премиерот, Зоран Заев, во интервјуто на телевизија Телма.

Тој, во контекст дека Владата нема намера да се откаже од европскиот пат, нагласи неколку проекти кои ќе ја донесат Европа во Северна Македонија.

„Ние дома ќе продолжиме со реформите, ќе работиме, ќе ја повикаме Холандија да работи со нас на правниот систем, ќе ја повикаме Германија да работи во економскиот систем. Премиерот на Естонија ми е пријател, ќе ни даде се што треба за дигитализација на Македонија. ЕУ е филозофија, европеизацијата е клучна дома, поглавјата, актите, преадаптација на нашето законодавство, менување на менталниот склоп на нашиот народ…“ – дополни Заев.

Слични содржини