Заев е подготвен да помоли за решение – Радев бара гаранции од ЕУ во процесот на проширување

од Берта Китинска
205 прегледи

Премиерот Заев Заев е спремен да оди во Софија и да помоли, како што вели, за разбирање и за поддршка на европските вредности. Сликовито објасни каде го гледа долгоочекуваниот компромис.

„Јас сум подготвен да одам во Софија и да помолам да најдеме решение и да ги почнеме пристапните преговори со Европската унија“ рече тој.

Заев рече дека според него португалскиот предлог е добра основа за преговори. А претседателот на Португалија Марсело де Соуза е во Софија на средба со бугарскиот претседател Румен Радев.

Радев изјави дека е важно да се врати дијалогот меѓу Бугарија и Македонија како и дека бара гаранции за проширувањето на Европската унија за Македонија.

„Гледам отворање перспектива за интензивно продолжување на дијалогот, за развој на соодветни патокази, соодветни документи и односи на сите структурни нивоа, што ќе ги дадат соодветните гаранции за нас, особено за да бидеме убедени дека процесот на проширување ќе биде ефикасен, стабилен и неповратен. Во однос на тоа дали Скопје ги исполнува условите, секако, има цел список формални услови“, истакна Радев.

Португалија не сака да биде со предрасуди по ова прашање

Постојат европски земји со различни гледишта за проширувањето. Португалија не сака да биде со предрасуди по ова прашање, туку го поддржуваме процесот на проширување на Европа. Што се однесува до Западен Балкан, ние ја знаеме историјата, знаеме дека прашањето е чувствително, изјавил португалскиот претседател Марсело де Соуза, на заедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија.

Португалскиот претседател рекол дека позицијата на неговата земја е за постојан дијалог, без комплекси за проширувањето.

„Се восхитуваме на напорите за дијалог помеѓу Бугарија и РС Македонија. Ние поддржуваме конкретни чекори за поддршка на дијалогот, вревата не помага, но попречува“,додал Де Соуза.

Претходно, бугарскиот претседател Румен Радев изјавил дека неговата земја бара гаранции при проширувањето на Европската Унија со С Македонија, а најважната задача е да се врати дијалогот на сите нивоа меѓу Софија и Скопје.