Заев: ЕБР за само две децении израсна во еден од суштинските полициски механизми на безбедносниот систем

од Nikola Popovski
304 прегледи

Системот на безбедност е еден од темелните столбови на секое општество. Во тој систем полицијата, преку нејзината поставеност, функционалност и ефикасност, е клучниот системско-институционален инструмент за заштита на слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, заштита на правниот поредок, на јавниот ред и мир, овозможувајќи внатрешна сигурност и стабилност на државата, објави премиерот Зоран Заев, на својот Фејсбук профил.

Според него, Единицата за брзо распоредување – ЕБР, за само две децении израсна во еден од суштинските полициски механизми на безбедносниот систем, примарно во делот на она што значат посебни и специјални полициски задачи и области на делување.

-ЕБР денес е еден од носечките столбови во севкупниот полицискиот систем на функционирање и високопрофесионална единица, соодветно прилагодена на потребите и целите на полициското работење со континуирано изразена подготвеност за нови знаења, вештини и уште повисоки дострели. Припадниците на Единицата за брзо распоредување ги краси чувството и одговорноста на максимално пожртвувано исполнување на својата должност кога тоа го налагаат ситуации кога е загрозена јавната и безбедноста на граѓаните, но и во ситуации кога природните катастрофи се закануваат по животот, здравјето и имотот на граѓаните. На сите припадници на ЕБР им го честитам јубилејот – 20 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, напиша премиерот Заев.

Слични содржини