Заев: Еден за сите, сите за еден, затоа што заедно сме посилни

од Берта Китинска
128 прегледи

Република Северна Македонија првпат учествува како горда рамноправна членка на НАТО, заедно со останатите 29 сојузници и пријатели на денешниот Самит на НАТО, напиша на неговиот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

– Еден за сите, сите за еден, затоа што заедно сме посилни! Денеска се одржува НАТО Самитот, на кој Република Северна Македонија за првпат учествува како горда рамноправна членка на НАТО, заедно со останатите 29 сојузници и пријатели, стои во Фејсбук објавата на премиерот.