Заев: Фокусот е насочен кон економскиот раст во државата и подобрување на животниот стандард

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Меѓунардониот монетарен фонд во последната изјава ги поздрави економските мерки и политики на Владата кои помогнаа да се задржи вработеноста и да се ублажи влијанието на пандемијата врз економијата, пишува премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Суштинските поенти, пишува Заев, во изјавата на Мисијата на ММФ објавена по завршувањето на консултациите во земјава се следни:

➡️ Економското опоравување се очекува да продолжи во 2022 година, коешто ќе биде движено од силната домашна побарувачка;

➡️ Силната поддршка преку политиките го ублажи влијанието на пандемијата врз економијата;

➡️ Буџетот за 2022 година продолжува да ја поддржува економската активност;

➡️ Инфлацијата ќе почне да се намалува во втората половина на следната година и ќе се стабилизира на околу 2% во 2023 година и во периодот што следува.

„Владата посветено и во консултаација со сите релевантни чинители во државата, како и со меѓународните институции, донесе сеопфатни мерки за граѓаните и за стопанството, со цел да се одржи ликвидноста и да се зачуваат работните места, а пред сѐ здравјето како приоритет во услови на глобална пандемија.

На линија на ММФ, и Владата во однос на економските движења за наредната година очекува вработеноста постепено да закрепнува, додека високиот раст на платите, зголемените дознаки и користењето дел од кумулираните заштеди да влијаат врз зголемување на расположливиот приход. Фокусот е насочен кон економскиот раст во државата и подобрување на животниот стандард“, додава тој.

Слични содржини