Заев: „Фридрих Еберт“ 25 години учествува во вградувањето на европските вредности во нашето општество

од Nikola Popovski
258 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вечерва се обрати на настанот по повод 25 годишнината од отворањето на канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во нашата земја.

„Република Северна Македонија оваа година слави 30 години од својата независност, а Фондацијата Фридрих Еберт полни 25 години со своите програми учествува во вградувањето на овие вредности во нашето општество.

Како дел од севкупната поддршка на Сојузна Германија, Фондацијата Фридрих уште од 1996 година ја започна својата работа за поддршка на процесот на трансформација на државата во областите на граѓанско учество и активизам, социјален дијалог, пристапување на Северна Македонија во Европската унија и регионална соработка на Западен Балкан.

Програмите за дијалог, јавност и отворен форум во Северна Македонија придонесуваат за квалитетот на политичката анализа и дискусија во областа на политиката, социјалниот дијалог, образованието и родовите прашања.

Од друга страна, поддршката на Фондацијата да се поврзат клучните актери и засегнатите страни во областа на меѓународната соработка, беше од исклучителна важност во неколку наврати од нашата понова политичка активност“, посочи Заев.

Слични содржини