Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство, соопшти премиерот Зоран Заев.
Воедно тој упати честитка до упати честитка до фудбалерите кои се пласираа на Европското првенство.
„Македонскиот фудбал оди на Европско! Конечно, имаме историски резултат благодарение на нашата репрезентација, на нашите херои. Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе!“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.