Заев ги почна средбите за состав на новата влада

од desk3
66 прегледи
Мандаторот Зоран Заев денеска се сретна со претседателот  на БЕСА Биљал Касами. Средбите се со цел да ги приближиме ставовите. Мојата работа како мандатар е да завршиме ден порано. Многу граѓани чекаат субвенции, учениците чекаат укинување на екстерното тестирање, чекаат социјалните баратели, чека СЈО, рече Заев.
Заев најави дека со искрени реформи ЕУ и САД ќе и помогнат на Македонија на евроинтеграцискиот пат.

„Брисел даде голема поддршка, посебно на Македонија. И Брисел и Вашингтон докажаа дека се големи пријатели. Се надевам дека ќе следат убави моменти и за влез во НАТО и во ЕУ ако работиме искрено на реформите, кон подобрување на квалитетот на животот на луѓето. Тогаш органите на Европската заедница ќе имаат причини да носат уште похрабри одлуки. Исто така со опозицијата ќе треба да се потрудиме да најдеме решение за спорот со нашето уставно името кој го имаме со Грција. Сите овие предизвици се исправени пред нас, и се надевам дека со мудрост и меѓусебна соработка и разбирање, ќе изнаоѓаме и решенија“, рече Заев.

По средбата  тој посочи дека со Касами се сложиле официјално средбите да заппочнат со најголемата партија, ДУИ со кои поради смретен случај на близок на раководството на ДУИ не можеле  да остварат средба.. Средбите се како што рече  заев со цел да ги приближиме ставовите.