
.
„Ставот е јасен, тоа е државен удар да се спречи формирање на влада, но сакаме по мирен пат да ги движиме работите. Постои ветување на албанските партии преточено во декларација за појдовни точки за преговори за влада. Тоа беше поставено пред Груевски, а сега и со СДСМ. Ние објавивме програма на Влада и веќе нема партиски програми и декларации. Како би било јас да кажам дека Груевски е во Тиранска влада, нема да биде чесно. Затоа го повикувам на дуел заедно со Иванов за да ги разјасниме овие работи пред народот“, изјави идерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за телвизија Канал 5 . Тој посочи дека пратеникот Талат Џафери е еден од посериозните кандидати за претседател на Собранието.