Премиерот Зоран Заев ги поздравува Насоките за професионално известување во онлајн медиумите што ги изработи Советот за етика во медиумите поддржан од ОБСЕ.
-Владата, додава, ги охрабрува медиумските работници во достигнување на највисоките стандарди во нивната професија и ќе го задржи приоритетот да создава услови за нивно остварување.Ги поздравувам Насоките за професионално известување во онлајн медиумите што ги изработи Советот за етика во медиумите поддржан од ОБСЕ. Подигнувањето на професионалните стандарди во онлајн медиумите е многу значајно во ера на лажни вести и затоа сметам дека само на таков начин ќе се заштити и медиумската публика и граѓаните. Очекувам овој документ да помогне во одржување и развивање силен и кредибилен систем на саморегулација на онлајн медиумите, што секако ќе го зајакне и независното, професионално и одговорно новинарско известување. Владата им честита и ги охрабрува медиумските работници во достигнување на највисоките стандарди во нивната професија и ќе го задржи приоритетот да создава услови за нивно остварување, напиша премиерот на својот Фејбук профил.