Заев го честита 4. јули: Поради САД живееме во постабилна, побезбедна и попросперитетна држава

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Соединетите Американски Држави денеска го прославуваат 4 Јули, Денот на независноста, ден со кој се одбележуваат 245 години од усвојувањето на Декларацијата на независноста. Традицијата на американската демократија е водилка и инспирација за сите прогресивни демократии во светот. Посебно значајно е што новата администрација на претседателот Бајден го најави уште поголемото присуство на САД во Европа за реафирмација и развивање на силното транс-атлантско партнерство,вели во својата честитка премиерот Зоран Заев поповод американскиот празник.

„Како стратешки партнер на САД, Северна Македонија е посебно горда што од 2020 година, Северна Македонија и САД се сојузници и во НАТО, најсилната воено-политичка алијанса во историјата на светската цивилизација.

Од нашата независност до денес, нашата држава во САД има голем и посветен партнер и поддржувач и секогаш кога земјава беше ставена пред сериозни предизвици, имавме помош и поддршка за заедно да ги надминеме премрежјата и проблемите со бевме соочени.

Нашите граѓани денес уживаат поголеми слободи и права, во постабилна, побезбедна и попросперитетна држава и заради нашето партнерство и сојузништво со САД, и заради поддршката што земјата континуирано ја добива низ разните програми за поддршка на развојот на нашата демократија и институции.

Во мое лично име, во име на Владата и во име на сите граѓани на Северна Македонија, им го честитам 4 Јули, на сите граѓани на САД!“, истакна Заев во својата честитка по повод најголемиот американски празник.