Премиерот Зоран Заев изрази воодушевување од гестот на светскиот тенисер бр.1, Новак Ѓоковиќ
кој им го приреди на своите навивачи по победата во третото коло од „Вимблдон“, кога ја испеа
„Македонско девојче“.

Ѓоковиќ претходно поздрави нашата земја во видео обраќање на својот профил на „Инстаграм“.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10157621281277932
Во еден дел од видеото, Ноле ја запеа „Македонско девојче“ и побара од фановите да му испратат
фотографии од Охрид.