„Знаете дека Алексис е мој брат. И ќе бидеме браќа до крајот на животот, бидејќи заедно имавме доволно храброст да ги „пресечеме“ овие бариери меѓу нашите земји и да изградиме братска соработка меѓу Грција и Северна Македонија“. Вака изјавил поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчката телевизија„One chanel“.
За Договорот од Преспа, Заев рече дека заедно со тогашниот премиер, Ципрас, направиле чекор напред и го отвориле патот за нова перспектива и подобра иднина за нашите земји.
Покажавме дека дипломатијата може да ги надмине конфликтите и поделбите, го ставивме поголемото и општо добро над сопствените интереси. Денес, Северна Македонија е горда и достојна членка на НАТО, сојузник со Грција. Ние споделуваме заеднички визии за безбедност и мир во светот со најголемиот безбедносен сојуз. Договорот од Преспа ја приближи и Северна Македонија до Европската Унија, порачал поранешниот премиер.
Заев во интервјуто изразил уверување дека грчката страна целосно ќе го заврши делот од договорот со кој се обновуваат ознаките на патиштата.
Очекуваме грчката страна целосно да го заврши делот од договорот, бидејќи е пет години по договорот од Преспа да се сменат сообраќајните знаци во Грција кои „водат“ во непостоечка земја со кратенката „ФИРОМ“, рекол Заев.