Заев го згази Груевски како „шлепер жаба“ – СДСМ победи во 54 општини, Груевски само во 5

од Vladimir Zorba
110 прегледи

  Сета ова рашомонијада на Груевски за експертската јавност и граѓаните, нема  дилеми дека тој како лидер на заминување  се обидува да ја дефокусира јавноста од својата одговорност за големиот пораз , бегање од оставака и осуда од сопствената партија и членството на ВМРО ДПМНЕСДСМ ,владејачката партија во Република Македонија  на премиерот Зоран Заев  го потврди изборниот успех и за време на вториот круг од локалните избори, што се одржа вчера во 35 општини.

 

Според  претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски СДСМ победи во 17 општини, Демократската унија за интеграција / ДУИ / на Али Ахмети во 6 Албанскиот сојуз на Зијдин Села во 3. ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски во 2 општини.
Демократската партија на Албанците во една општина и Движењето “Беса”, исто така во една.
Конечните резултати  иако на над 90 проценти избројаност сé уште официјално се објавени во 4 општини – Штип, Тетово, Бутел и Струга, но и таму веќе се прослави победата на СДСМ и на ДУИ.
Во првиот круг, партијата на Зоран Заев победи во сите поголеми градови – Скопје, Битола, Охрид,Струмица, Прилеп,Штип во Гази баба, Кисела вода …

СДССМ победи бо бастионот на финасискиот магнат Љубисав Иванов Ѕинго , во Кратово и во  бастионите Штип и Гази баба каде над 25 годин и владее ВМРО ДПМНЕ:

Според првичните резултати во следните 4 години СДСМ ќе управува во 54 општини, ДУИ во 12, ВМРО-ДПМНЕ во 5, Албанскиот сојуз во 3, а ДПА, “Беса” и ДПТ во  по една општина. Три независни општини освоија независни
кандидати.


И веднаш откако  беа објавени првите резултати, Груевски даде посебна изјава. Тој рече дека “не ги признава резултатите од изборите”. Груевски побара “враќање на демократијата и достоинството во земјата” и одржување на предвремени парламентарни избори да бидат организирани од официјална влада, како што се случи на 11 декември 2016 година.

 

Зоран Заев го опиша гласањето како “демократски и чесен”. Македонија оди во вистинската насока и тоа е една голема победа за граѓаните на земјата, рече Заев и повика ВМРО-ДПМНЕ да ја преиспита својата позиција и да се однесува како одговорна политичка партија, која ќе има конструктивно однесување. “Локалните избори немаат никаква врска со централната власт. Нема да има предвремени избори”, истакна лидерот на СДСМ.Локалните избор си беа кредибилни и кристално чисти.Победија граѓаните, рече Заев

Претседателот на парламентот, Талат Џафери, изрази задоволство од европскиот начин на гласање во земјата.

Сета ова рашомонијада на Груевски за експертската јавност и граѓаните, нема  дилеми дека  тој како лидер на заминување  се обидува да ја дефокусира јавноста од својата одговорност за големиот пораз , бегање од оставака и осуда од сопствената партија и членството на ВМРО ДПМНЕ

Реформаторите на ВМРО ДПМНЕ уште по првиот круг побараа неотповиклива оствака од НИКОЛА Груевски од лидерската позиција , а тој пак тогаш изјави дека ќе се преиспитувал по вториот круг.

Претседателот на “Беса” Билал Касам изјави дека на “овие избори е исчезната една политичка партија на Албанците – ДУИ, која се претворила во сателит на СДСМ”.

Златко  Димитриовски од Граѓанската асоцијација МОСТ, која го набљудуваше денешното гласање на целата територија на Република Македонија изјави дека “имало мали нерегуларности”, што е далеку од нефер и некредибилни избори.

Обсе и ОДИХР за денеска ја најавија прелиминарната оценка за изборите.

Вчера гласањето се одржа во 1517 избирачки места во 35 општини. Избори имаше и во 387 избирачки места на 6 скопски општини, таму  со право на глас беа  260194 граѓани. Останатите 29 општини имаа 573.616 граѓани на 1130 избирачки места.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се натпреваруваа во 19 општини, албанските партии ДУИ и “Сојузот на Албанците” – во пет, ДУИ и другата албанска партија “Беса” – во седум, во една општина имаше избор меѓу кандидат на граѓански комитет и ВМРО-ДПМНЕ , во една на ДУИ и СДСМ, во една – СДСМ и Сојузот на Ромите и во една албанската партија ДПА и “Беса”.
На прв круг СДСМ освои 37 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ – три, Демократската унија за интеграција (ДУИ) – независните   – две и Демократската партија на Турците – едно.