Заев: Градиме општество каде сите се еднакви и исто вредат

од Nikola Popovski
298 прегледи

Ние градиме општество каде сите се еднакви и исто вредат, објави премиерот Зоран Заев по повод јубилетот што наскоро ќе го прославиме, а тоа е 30 години независност.

Според Заев, ако сме сите посветени на исти, стратешки цели за нашата држава, за сите наши граѓани, тогаш ќе имаме поблиска соработка и нема да има толку длабоки делби меѓу нас.

-Тој избор да го направиме со љубов и со верба за иднината на нашата земја. Да продолжиме заедно да ја градиме нашата земја како едно и еднакво општество за сите, низ меѓусебна почит и разбирање, затоа што само заедничката среќа е среќа. Да се грижиме и за среќата на секој граѓанин. Северна Македонија самостојно ја создава својата иднина со јасна визија за патот до неа. Нека ни е честит големиот јубилеј – 30 години независна и суверена Република Северна Македонија, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Слични содржини