Заев: Графата за етничка припадност во личните карти не е во спротивност на Договорот со Грција

од Nikola Popovski
271 прегледи

„Внимателно го читав интервјуто на претседателот Стево Пендаровски и секако го ценам неговиот став во поглед на законскиот предлог за етничката припадност во личните карти. Претседателот во интервјуто рече доколку овој предлог има поддршка од парламентарните партии дека законот ќе го потпише. Секако, ќе разговараме и со него“, истакна денес премиерот Зоран Заев на новинарско прашање.

Тој додаде дека вметнувањето на графа за етничката припадност во личните карти не е спротивна на Преспанскиот договор, ниту пак Грција има задршки околу тоа.

„Моите советници за надворешни работи, министрите за надворешни работи и тогаш и сега, разговарале, и апсолутно е во корелација со Преспанскиот договор. Важно е да се почитува до крај државјанството каде стои ’Македонско/Граѓани на РСМ‘. Етничкиот идентитет е потврден и на Македонците со Преспанскиот договор како што е потврден и македонскиот јазик и апсолутно нема никакви загрозувања на кои било интересите дома и апсолутно нема пречи ниту задршки од страна на пријателска Грција“, потенцира премиерот.

Додаде дека етничкиот идентитет е потврден и на Македонците со Преспанскиот договор како што е потврден и македонскиот јазик и апсолутно нема никакви загрозувања на нашите интереси дома.

Слични содржини