282
Нашиот модел е европскиот, со комплетна либерализација што постепено го либерализира пазарот на куќите и домовите, вели премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање, дали државава ќе ја зафати енергетска криза.
Според него, во моментов државата ги покрива сите домаќинства.
-Цената на берзата се движи од 170 евра за мегават до 220, а ние ја даваме цената за домаќинствата од 36 евра за мегават. Државата интервенираше на неколку начини. Мојата порака до граѓаните е да не стравуваат затоа што цената е утврдена од Владата. Разликата кон ЕСМ ја покриваме ние и сите чекори за стабилна цена се преземени, додаде премиерот на денешната прес-конференција.