Заев: Губитник е Бугарија и Северна Македонија, но најголем е Европската унија

од Берта Китинска
667 прегледи

Со Бугарија градиме пријателство, немаме претензии. Ние сме мирољубив народ.И вчера реков, македонскиот народ и идентитет се наше право на самоопределување. Европа мора да остране на своите фундаментални вредности, да ги негува сите идентитети на европскиот континент. Во делот на изнаоѓањето на решенија со Бугарија, разговаравме и за тоа што се коментира – дека динамиката на реализација на Договорот не е соодветна. Има акции во делот на спречување на говорот на омраза, делот со учебниците, на наративи кои градат пријателство Сето тоа е вградено. Поголем Бугарија фокус имаше према Европа низ преговарачката рамка. Европа не може да дозволи да има поглавје 35, да има работи кои не се дозволиви. Губитник е Бугарија, губитник е и Северна Македонија, но најголем губитник е Европската унија, затоа што се посипа со пепел, рече Премиерот Зоран Заев во гостувањето во Утрински брифинг.

Тој нагласи дека во престојниот период неговиот труд и заложби и натаму се наградуваат од страна на европски институции и организации.

– Со Преспанскиот договор направивме историски исчекор во духот на европските вредности и манири. И дојде Европа  да покаже европски вредности и фалираше. Тоа е проблемот со ЕУ. Јас сум благодарен на сите земји членки што останаа на своите принципи. Сите 26 земји членки се унисони во тој дел. Германија е целосно насочена во овој правец. Друг пат нема, но испишани се црвените линии, вели е Заев.

Слични содржини