Заев и Бесими ќе информираат за четирите пакети економски мерки

од Andreja Salpe
395 прегледи

Денеска со почеток во 11:00 часот прес-конференција ќе одржат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими. Тие ќе информираат за збирниот ефект од четирите пакети економски мерки, за реализацијата на Буџетот, за тековните економски движења, како и за очекувањата за оваа економска година.

На прес-конференцијата за новинарски прашања ќе бидат присутни и Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Крешник Бектеши, министер за економија и Кире Наумов, генерален извршен директор на Развојната банка.

Слични содржини