Заев и Ципрас го осудиле „националистичкиот популизам“ од двете страни

од Nikola Popovski
354 прегледи

„Националистичкиот популизам од двете страни е лицемерен и опасен“. Околу ваквата констатација се обединиле поранешните премиери на Македонија и Грција – Зоран Заев и Алексис Ципрас во телефонски разговор по новите случувања во нашата држава, објави грчката телевизија „Скај“.

Ципрас и Заев беа на чело на владите на двете земји кога беше потпишан Договорот од Преспа во 2018 година, според кој името на нашата држава беше сменето во Република Северна Македонија, а Грција се откажа од ветото за приклучување на Македонија во НАТО.

Како што истакнуваат од „Скај“, во текот на разговорот, „двајцата поранешни премиери ја истакнале важноста од точното и прецизно почитување на Договорот од Преспа и соработката меѓу двете земји за европската перспектива на Северна Македонија, како и за мирот и стабилноста на Западен Балкан во период на големи тензии во регионот“.

Заев и Ципрас се договориле да преземат заеднички иницијативи за поддршка на Договорот од Преспа.

Грчкиот медиум истакнува дека „усогласеноста на Скопје со Договорот пред два дена беше доведена во прашање од претседателката Гордана Силјановска – Давкова, која на нејзината инаугурација ја именуваше својата земја како Македонија“.

Слични содржини