Заев и Филипче даруваа крв во Струмица (ФОТО)

од Берта Китинска
390 прегледи

По повод 1 Мај Денот на трудот, утрово со премиерот министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев даруваа крв.

-По повод 1 Мај Денот на трудот, утрово со премиерот Зоран Заев дарувавме крв во Службата за трансфузиона медицина во Струмица. Постапката е многу едноставна, а вработените во Трансфузија се љубезни и пријатни при целиот процес на дарување крв. По дадената согласност, следува здравствена проверка, а потоа во пријатна атмосфера со почитување на сите мерки за заштита од вирусот Ковид 19, ја завршивме оваа многу лесна постапка. Дарувањето крв може да спаси живот, само со едно ќесе крв може да се подобри здравјето на 3 до 4 пациенти. Бидете хумани, дарувајте крв! Крводарителството е хумана човечка вредност, напиша Филипче.

Слични содржини