Лидерите на двете најголеми политички партии во земјава имаат различни гледишта во однос на прашањето за датумот за почеток на преговорите со ЕУ кој се очекува следната недела, а треба да бие усвоен од Европскиот совет.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанската трибина во Куманово порача дека државата и граѓаните со право очекуваат почеток на преговорите со ЕУ и тоа да биде објавено веќе во наредната недела.
-Сработивме се што беше потребно и со право за неколку денови очекуваме почеток на преговори со ЕУ. Знам дека нема друга земја која како кандидатка за членство, сработела онолку колку што ние како држава среаботевме за сите 15 години колку што сме земја кандидат, но особено во последните 2 години порача претседателот Заев, додавајќи дека веќе е извесно дека Република Северна Македонја е 30 земја членка на НАТО Алијансата. Рековме, ветивме дека ќе го забрзаме процесот на интеграција во ЕУ и еве го правиме, ветивме дека ќе станеме членка на НАТО и еве не, извесно е, ние сме следна членка на НАТО Алијансата. – порача Заев.
Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ пак смета дека датумот за одпочнување на преговори со ЕУ не само што има опасност да биде условен, туку, како што вели, големи се шансите да биде одложен и за некои други времиња.
-Oваа власт ја посрамоти државата, пустошејќи ја тие донесоа и голем арамилак, а тоа го гледаат и нашите партнери од Европа и гледаат дека во оваа држава царува и владее криминалот, безредието, владее опостушувањето, луѓето се иселуваат од немоќ. Ете тоа е реалната и болна вистина во Македонија и токму поради тие причини датумот за одпочнување на преговори со Европската Унија не само што има опасност да биде условен, туку големи се шансите да биде одложен и за некои други времиња. – порача Мицкоски на денешната средба со граѓаните на општина Карпош.