Заев: И Радмила и јас добро знаеме дека нови успеси се можни само со нови идеи и кадри

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Упатувам огромна благодарност до нашата другарка Радмила Шекеринска, мојата заменичка во најтешките години кога земјата ја извадивме на прав пат, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил..

„Заедно се боревме против огромно зло, заедно се радувавме на историските успеси. Нејзината посветеност, темелност, аналитичност и самокритичност се пример за сегашните и идните социјалдемократски генерации.

И Радмила и јас добро знаеме дека нови успеси се можни само со нови идеи и кадри кои црпат поддршка и знаење од сениорите.

Ова не е збогување, ова е реорганизација. Радмила продолжува со сите нас, до нови големи успеси за граѓаните и за државата!“, посочи Заев.