Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се прости од својот другар, пријател и ценет културен работник, Благоја Стефановски.
-Ненадоместлива загуба на другар, пријател и ценет културен работник, Благоја Стефановски – Баге. Нека почива во мир!, напиша Оливер Спасовски.
И премиерот Заев на својот фејсбук приофил се прости од поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник Благој Стефановски – Баге кој вчера почина на 67-годишна возраст.
„Силно ме погоди веста за смртта на Благоја Стефановски Баге, омилен другар за неговите пријатели и исклучително креативен соработник зад кој останаа густо испишани страници од неговите многубројни активности.
Од театарската и политичката сцена си замина актер со исклучителен талент, член не семејство со докажани и врвни артистички традиции, кој остави длабоки и автентични траги во театарот, културата и во политиката како министер за култура.
Додека беше директор на Народниот театар во Битола, го претвори овој град во средиште и вруток на театарот и на театарските иновации во регионот и во Европа.
Ги освои сите можни награди на фестивалите во поранешна Југославија.
Неговата неуморна работа и посветеност внесуваа свежина и посебен дух кога беше во управните одбори или на чело на нашите најзначајни уметнички фестивали како „Охридско лето“ и „Војдан Чернодрински“.
Неуморно ги прошируваше своите и лимитите на театарскиот израз и организирање и се втурна и во истражување на независната сцена и го оформи и успешно го раководеше Мал драмски театар.Вечна му слава. Нека почива во мир.“ напиша Заев на фејсбук.