Заев и Ципрас се сретнаа во Германија: Храбрите одлуки носат мир и градат вечни пријателства

од Nikola Popovski

Храбрите одлуки носат мир и градат вечни пријателства. Најголемата награда за нашиот подвиг е тоа што обезбедивме иднина за младите кои ги зближуваме, објави вечерва премиерот Зоран Заев од Минстер, Германија, каде што утре на свечена церемонија, ќе му биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им е доделена нему и на поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас.

Тој призна дека се радосни што нижат признанија.

-Голема чест е што и светот ја препознава големината на нашиот подвиг остварен со Договорот од Преспа. Имав уште една средба со драгиот пријател Алексис Ципрас пред утрешната церемонија по повод доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, информира Заев.

Во образложението за наградата се истакнува дека „Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор кој како пример за врвен дипломатски пристап, реши отворено прашање и со тоа, меѓу другото, дадоа значаен придонес за стабилноста на Балканскиот регион”.

На свечената церемонија утре во Мунстер, наградата на двајцата лауреати ќе им ја додели претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

Слични содржини