Премиерот Зоран Заев во гостувањето на „Клан Македонија“ изјави дека таргетот на државата е да има 1,3 милиони вакцинирани граѓани.
„Во моментов имаме 17 проценти вакцинирани од таргетот, но да имаме во предвид дека ние почнавме да вакцинираме кон крајот на април, а другите уште од Нова година. Децата засега нема да ги вакцинираме, па затоа нарачавме 2,6 милиони дози. Верувам дека сме подобри од некои земји во ЕУ, имајќи предвид дека Западен Балкан најдоцна доби вакцини, од сите други региони на Стариот контитент“, потенцира Заев, додавајќи дека „Мицкоски сега станал математичар“, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека Македонија била на дното на вакцинирани, односно на врвот по бројот на починати во ковид-пандемијата.
„Сега испадна дека е математичар, нели викаше дека е инженер, мојот политички опонент“, вели Заев.