189
Имаме различен став за иницијативата „Отворен Балкан“, но тоа не е пречка за соработка, вели премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата со косовскиот премиер Албин Курти.
Според него, должност е на двата премиери да им служат на граѓаните, економиите, коморите и институциите.
-Ова е историски ден за нас. Ги почитуваме нивните ставови, но јас верувам во дијалог на Балканот и меѓусебно поврзување. Сепак, Косово ни е еден од најзначајните трговски партнери, укажа Заев и додаде зошто сме многу блиски со нашиот северен сосед.
-Втората потпреседателка на косовската влада е родена овде во Скопје, имаме многу браќа и пријатели кои што живеат од двете страни на границата, информира премиерот.