Заев: Историјата на македонскиот народ и јазик е и идентитетско прашање

од Берта Китинска
214 прегледи

Бугаирја и Македонија треба да си ги преземат обврските за изградба на инфраструктурата и во работата на историската комисија и тука наоѓаме решение, а тоа е акциониот план, рече премиерот Зоран Заев во емисијата „Трилинг“.

Тој рече дека не верувал дека ќе дојде време да се официјализира една блокада, но е оптимист.

„На секторско ниво верувам дека овие денови ќе се усогласиме, дадовме сет на идеи, тие вратија и овие денови се усогласуваат министрите за надворешни работи и доколку се усогласи брзо, верувам дека ќе може и да се надогради зошто е секторско поврзување за идна подобра соработка.Следува усогласување на меѓувладината конференција помеѓу двата министри за надворешни работи, владите да ги усвојат и да влеземе во комплетна имплементација. Тоа се состои во подготовка и организација на спортски турнири, размена на искуствата во дигитализацијата, организирање на образовни настани, социјална заштита преку помош во здравствениот сектор.

Тој истакна дека сака чисто признавање на македонскиот јазик и дека минатото и корењата се идентитет. Историјата на македонскиот народ и јазик е и идентитетско прашање. За идентитетските прашања никаде во светот не се преговара, дециден е Заев и додаде дека и ние нема за тоа да преговараме.