Заев: Избори во април, јуни или дури во септември, тоа ќе се договориме со Хан

од desk3
87 прегледи

Лидерот на СДСМ ниту ги потврдува ниту пак ги демантира се погласните шпекулации дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат кон крајот на јуни оваа година.

zoran-zaev-540x455

 

Во изјавата за „Мета“ тој дури на маса става дека „можеби ќе заклучиме дека септември е идеален датум“, но потенцира дека се уште нема договор за поместување на изборите и, како што вели, за таа одлука треба да разговаат сите потписници на Договорот од Пржино на средбата со еврокомесарот за проширување и меѓусоседска политика, Јоханес Хан во Скопје.

– Засега нема конкретен договор за поместување на изборите закажани за 24 април. Можеби во општинските организации сме разговарале за роковите до кога би се прочистил Избирачкиот список или би се нашол договор за медиумите. За конкретни датуми ќе разговараме на средбата со Јоханес Хан во Скопје, но, тоа не значи дека изборите не можат да се одржат во април или во јуни. Можеби ќе заклучиме дека идеално за одржување на изборите ќе биде септември. Сепак за тоа треба да разговараме со еврокомесарот во Скопје и со останатите партии потписнички на Договорот од Пржино. Ако добијам, пак, цврсти гаранции дека изборите ќе бидат фер и демократски тие можат да се одржат и на 24 април – изјави за „Мета“, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Eвропратениците Вајгл, Ховит и Кукан утре во Скопје, а Груевски под итно во САД!

Заев ни ги потврди неофицијалните информации дека тој на средбите со општинските организици на СДСМ низ Македонија разговара за датумот и за поместување на изборите, но вели дека ни таму не се заклучило ништо конкретно.

Утре во Скопје треба да допатуваат европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл, а во текот на неделата се очекува да дојде и еврокомесарот Јоханес Хан, кој треба да ја утврди фактичката состојба од исполнувањето на Договорот од Пржино.

 

МЕТА